Владата донесе измени за шетање домашни миленици во полициски час

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја измени уредбата за ограничено движење со цел да им излезе пресрет на луѓето со домашни миленици.

Loading...

Така за викенд за времетраење на полицискиот час кој трае од 16 до 5 часот, оние кои имаат миленици, ќе може да ги шетаат од 20:00 до 20:30 часот, но само до 100 метри одалеченост од домот.

– На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, соопшти техничкиот премиер на Твитер, Оливер Спасовски.

По мерките за забрана за движење кои ги донесе Владата за да се запре заразата од ширење на коронавирусот, имаше реакции од дел од здруженијата за заштита на животните, бидејќи граѓаните не можеа да ги шетаат своите миленичиња.

Никола Ивановски

Leave a Reply