Владата денеска ќе ја одржи 37-мата седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 37-ма седница.

Loading...

На седницата, на предлог на Министерството за финансии, Владата, меѓудругото ќе го разгледа Предлог-законот за буџети како и Информацијата за напредок во имплементацијата на Проектот за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2020 година.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение веднаш по завршувањето на седницата.

Интегрално соопштение: Влада на РСМ

Leave a Reply