Холандскиот суд ` наложи на Владата денес веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен со цел да се ограничи ширењето на коронавирусот во земјата, оценувајќи дека не постои соодветна правна основа за тоа.
Полицискиот час, прв во Холандија по Втората светска војна, доведе до неколкудневни протести кога беше воведен на 23 јануари, пренесува Ројтерс.
– Полицискиот час е заснован на законот за вонредни ситуации, кога нема време за дискусија во парламентот – изјави судот и оцени дека во овој случај немало таква итна потреба.
https://t.co/UE4oE43jGN#HagueCourt for once did a good job
— CryptoSheek (@CryptoSheek) February 16, 2021
Судот исто така посочи дека далекусежните мерки како овие мора да се засноваат на соодветни закони.
Судот утврди дека владата не објаснила зошто е премногу потребен полициски час во оваа фаза од пандемијата, бидејќи стапката на инфекции во Холандија веќе паѓаше пред да стапи на сила полицискиот час.
Портпарол на Министерството за правда изјави дека владата сè уште ја проучува одлуката на Хашкиот трибунал.