„Визер“ ја продолжува суспензијата на летови од и кон Македонија

Сподели со своите пријатели

Авиокомпанијата „Визер“ ја продолжува суспензијата на сите летови од и кон Македонија до 13 јули.

Loading...

Како што информираат од компанијата, патниците со билети за суспендираните летови кои направиле резервации директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.

Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на WizzAir.

– Патниците, исто така, може да одберат опција за враќање на парите за која треба подолго време да се реализира и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети“, стои во соопштението на „Визер“.

Инаку, со една од последните одлуки на Владата, на странски туристи им се овозможува петчасовен транзит преку државата, преку грнаичните премини „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Ќафасан“, „Блаце“ и аеродромот Скопје. Сите кои ќе влезат на еден од граничните премини ќе имаат пет час да стигнат до друг за да можат да ја напуштат државата.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply