Виткоф најави средба со Путин во четврток

Сподели со своите пријатели

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, денес објави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во четврток, 22 јануари.

Во интервју за CNBS, Виткоф рече дека треба да „се сретне со Путин во четврток“ и дека „Русите бараат таква средба“, што, како што изјави, „е значајна изјава од нивна страна“, објави Ројтерс.

Прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес одби да ги открие деталите од средбата во Давос меѓу шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) Кирил Дмитриев и специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, и американската делегација во која беа Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Загатка за Европа: Како да се одбрани Украина од Путин и Гренланд од Трамп?

Тој објасни дека средбата била приватна и дека сите прашања поврзани со украинското решение биле дискутирани зад затворени врати, пренесува РИА Новости.

И руските и американските претставници ги пофалија резултатите од состанокот, а Дмитриев им рече на новинарите дека руско-американските состаноци се одвиваат конструктивно, додека Виткоф ги нарече разговорите „многу позитивни“, според агенцијата.