Виткоф и Кушнер повторно одат кај Владимир Путин

Сподели со своите пријатели

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, планираат да ја посетат Москва овој месец на разговори, објавува Блумберг.

Виткоф и Кушнер последен пат се сретнаа со претседателот на Русија, Владимир Путин, во Кремљ на почетокот на декември 2025 година.

Двете страни разговараа за суштината на иницијативата предложена од САД, но не успеаја да најдат компромис.

За време на претходната средба, која траеше пет часа, Кирил Димитриев и Јуриј Ушаков седеа до Путин, а по средбата, Ушаков рече дека разговорите биле „корисни и конструктивни“ и дека биле разгледани неколку опции за завршување на војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Кога гори Париз, тоа не се протести - кога гори Иран, се воведуваат санкции

„Се договоривме со нашите американски колеги да не ја откриваме содржината на преговорите. Разговорот беше доверлив“, рече Ушаков тогаш, истакнувајќи дека сè уште не е постигнато компромисно решение кога станува збор за териториите, но додаде и дека американската страна го презентирала својот предлог за ова прашање.