ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ: Во исто време „напаѓаат“ ретрограден Меркур и полна Месечина

Сподели со своите пријатели

Распоредот на sвездите на небото овие денови сугерира драматични и предизвикувачки настани.

Loading...

Во следните денови ќе го почувствуваме влијанието и на неславниот ретрограден Меркур и на полната месечина во Лав.

Многумина ќе се чувствуваат еуфорично и уморни овие денови, бидејќи ќе бидат нетрпеливи поради ѕвездите, ќе имаат силна желба за брз напредок, но суровата реалност може да каже поинаку.

Следните денови, под контрадикторни влијанија, на некои ќе им донесат олеснување, а на други уште повеќе ќе ги истакнат фрустрациите, кои лесно можат да се претворат во лутина, пишува на страницата Animamundiherbals.com.

Во овие денови би било добро сите да забавиме малку и да го искористиме времето за себе, да ги погледнеме своите чувства и да ги рационализираме. На некои нема да им се допадне затоа што ќе се појават помалку пријатни искуства, како што се љубомора, чувства на одбивање, предавство, па може да се чувствуваат ранливо.

Исто така, во пресрет на полната месечина во Лав на 28 јануари, напнатоста ќе расте, па можно е да бидете почувствителни од вообичаеното.

Можно е да се расправате со вашето семејство, а од утре да посветите посебно внимание на комуникацијата со другите. Покрај сето тоа, многу е веројатно дека вашата стара љубов ви тропа на врата, па можни се несогласувања со сегашниот партнер.

За да бидат работите поинтригантни, во сабота Меркур ќе започне ретроградно за прв пат оваа година. И тоа секогаш значи – дополнителна претпазливост.

Loading...

До 21 февруари, сè ќе оди многу побавно од вообичаеното, многу планови ќе пропаднат, можно е да ни се чини дека едноставно не правиме ништо. Непишаното правило е дека, кога започнува ретрограден Меркур, тогаш не треба да започнувате нови деловни активности, да потпишувате договори, да купувате вредности, но она што е однапред договорено може да се постигне.

Исто така, овој период е идеален за преиспитување на планови, проекти, обврски. Направете ги потребните промени во вашите проекти, прилагодете се на промените.

На крајот на краиштата, овој период носи и многу ослободувачки работи, па можно е да се ослободите од она што ве кочи. Нема сè да биде така лесно, можни се недоразбирања, но ќе биде подобро ако се реорганизирате и продолжите со расчистени сметки.

Leave a Reply