Имено, борбата на векот се случила на добро познато домашно поле, а залутаниот кенгур овојпат е најголемиот виновник. А на објавеното видео може да се види како кутриот човек бега од многу лут крзнен торбаџија, кој потоа го стигнува, и почнува вистинска тепачка!
Човекот се заглавил и паднал во таа тепачка, а торбаџијата го искористил тој момент, па почнал безмилосно да го гази, па ситуацијата се врти за 180 степени, кога мажот станува и почнува да замавнува со тупаниците во самоодбрана, па го соборува кенгурот на земја.
Но, борбата завршува со среќа, откако кенгурот е нокаутиран во вистински ММА стил, човекот успева да побегне од жешките шепи!
Засега не е познато дали мажот е тешко повреден, но ова е многу обичен ден за Австралијците, поточно овие мили животни напаѓаат само кога ќе се почувствуваат загрозени, или кога ќе им заврши сезоната на парење!