Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работ.
Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната дневна температура ќе достигне 22 степени, по утринските осум.
Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во вторник.