Високите температури ќе останат и неделава

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од петок ќе има повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Leave a Reply