Сончево и потопло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи особено во планинските региони и повеќе на западот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе има постепено стабилизирање на времето, односно ќе биде малку до умерено облачно си слаб ветер од јужен правец.
Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а во попладневните часови се очекува и слаба појава на грмежи. Максималната температура ќе изнесува 26 степени целзиусови.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топла за овој период од годината, односна за 2 до 3 степени потоплоод просечната температура за овој период. Попладне со услови за краткотрајна нестабилна облачност, преследена со пороен и грмежи, особено во планинските предели на западна и југозапад Македонија. Ќе подолжи да дува слаб доумерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 4 до 12 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 23 до 30 степени целзиусови.
Во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба кај нас. Во предпладневните часови ќе преовладува малку до умерено облаччно време и релативно топло за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален краткотраен дожд наместа проследен со ретки грмежи. Дневната температурата на воздухот од петок ќе биде во постепено опаѓање, но сеуште ќе има повремени локални врнежи од, освен за викендот кога се очекува извесно преодно стабилизирање на времето.