Високата температура во Лондон запали дел од пруга (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Големи горештини ја зафатија Европа, а во Лондон денеска железничкиот сообраќај е запрен бидејќи дел од пругата се запалила поради високите дневни температури.

Loading...

Стив Вајт, управниот директор на железницата, сподели фотографија од пожарот на социјалните мрежи и се заблагодари на лондонската противпожарна бригада за нивната брза реакција.

Според Кликс, инцидентот се случил кога се запалиле дрвените делови за тркалата.

Исто така, железницата ги предупреди патниците дека возовите може да доцнат при поаѓање и пристигнување поради екстремните горештини кои се очекуваат во наредниот период.

„Кога температурата на воздухот ќе достигне 30 степени, температурата на шината може да биде и до 20 степени повисока… За некои од нашите линии, таквите високи температури се повеќе отколку што може да поднесе нашата линија“, велат од Network Rail, објаснувајќи дека топлината мавта може да предизвика и попуштање на жиците што ги напојуваат електричните возови, а тоа може да биде и причина за доцнења, одложувања и проблеми во нормалното функционирање на железничкиот сообраќај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Г-20 Рио: Веќе објавена конечната декларација, најавено е формирање на важен сојуз