Амазонската манекенка Чарли Мил (27) е висока 195 сантиметри и вели дека моментално не ја интересираат мажите бидејќи не може да најде некој кој не се плаши од нејзината висина.
View this post on Instagram
Таа додала дека не ѝ пречи ако се пониски од неа бидејќи е свесна за нејзината висина и знае дека ќе биде тешко да се најде некој повисок од неа.
– Не би ми пречело да бидат повисоки или пониски. Мислам дека висината не те дефинира како личност. Повеќе се работи за личноста и почитта – тоа се многу важни атрибути – вели Чарли, шеф на Бабестејшн.
View this post on Instagram
Признава и дека често добива негативни коментари на интернет.
– Не одговарам на нивните коментари, тоа е најдобар начин да не им обрнувам внимание. Луѓе кои знаат само да ги понижуваат другите на интернет, тие се само воини на тастатурата и сакаат внимание. Ако не поминувате време со нив, тие се чувствуваат глупаво – вели Чарли и додава дека ретко кој ѝ приоѓа во јавност.
– Имам личен чувар кој излегува со мене кога сум во јавност за да ги држи луѓето подалеку од мене – рекла таа, пренесува Дејли Стар.
View this post on Instagram