Меѓународниот истражувачки центар „ГИСАИД“ од Минхен, кој се занимава со глобално научно истражување и собирање податоци за коронавирусот во светот, објави податоци поврзани со Италија, земја во која се регистрирани 9 варијации на овој вирус, од кои 5 само во последниот месец.
Посебна загриженост беше изразена и за порастот на делта сојот на вирус во таа земја.
Оваа институција, која се занимава со собирање податоци и аналитичка обработка на информации на ниво на сите земји во светот, денес претстави мрачни резултати, наведувајќи дека на крајот на јуни алфа сојот (првпат идентификуван во октомври 2020 година во Велика Британија) сè уште е доминантно во Италија 53,5 проценти од сите пациенти.
Само во последните неколку дена е забележан тренд на опаѓање, така што процентот на присуство на овој вирус во тековниот извештај е 46,2 проценти од вкупниот број на анализирани случаи.
Пет работи што треба да ги знаете за делта сојот на коронавирусот
Делта-вирусот доминира на второ место во однос на неговата распространетост (идентификуван во Индија, од каде што се шири во околу сто земји со брза прогресија).
Анализите покажуваат дека овој вид на вирус е 50-60 проценти посилен по својата прогресивност и брзина во споредба со претходно откриениот алфа сој.
Во моментов во Италија, според податоците на државно ниво, 30,2 проценти од пациентите со коронавирус се заразени со овој вид. Во неславната статистика за застапеноста на овој вид, Индија и Велика Британија се во водство со 91,8, односно 97,5 проценти.
Примероците обработени на 22 јуни од Извршниот санитарен институт за здравство при италијанското Министерство за здравство, во соработка со регионални лаборатории, утврдија присуство на делта сој во вредност од 22,7 проценти кај таканаречените „убодни точки “, меѓу кои најмногу се истакнуваат регионите Фриули, Венеција и Џулија (70,6 проценти) и покраината Болзано (60 проценти).
Меѓу другите видови на загриженост во Италија е и гама сојот, присутен кај 4,3 проценти од пациентите (идентификуван на почетокот на 2021 година во Јапонија, а потоа и во Бразил).
Следува бета-вирус идентификуван за прв пат во Нигерија и е присутен во Италија) и ета-вирус со 1,5 процент од случаите анализирани од ГИСАИД.

