Издвоивме шест фасцинантни градини во чија убавина можете да уживате виртуелно.
Накратко заборавете на грижите и „прошетајте“ низ овие прекрасни локации што треба да се посетат за време на вашиот живот, секако кога тој ќе се врати во нормала.
Kew Gardens, Велика Британија
https://www.facebook.com/kewgardens/photos/a.109236856993/10156914822561994/?type=3
Тоа е импресивна ботаничка градина во Лондон сместена помеѓу Ричмонд и Кив, долж јужниот брег на Темза. Градината е толку голема и интересна што можете да поминете цел ден таму, а да не успеете да видите сè. Прошетајте виртуелно ТУКА.
Ботаничка градина Бафало, САД
https://www.facebook.com/BuffaloBotanicalGardens/photos/a.403791729641952/1812175768803534/?type=3
Лоцирана во Њујорк, отворена е во 1900 година. Тоа е импресивна стаклена купола полна со егзотични хортикултурни богатства од целиот свет. Погледнете како изгледа ОВДЕ.
Ботаничка градина на САД
https://www.facebook.com/usbotanicgarden/photos/a.1707000289531060/2675873905977022/?type=3
Изградена е во Вашингтон, и таму имате можност да ѕирнете во Конзерваториумот, Националната градина и Паркот на Бартолди, но, исто така, да ги видите многуте растителни експонати што се менуваат на секои неколку недели.
Тие се познати по својата фасцинантна колекција рози и орхидеи. Започнете ја вашата виртуелна турнеја ОВДЕ.
Градина Моне во Франција
Можете да ја посетите оваа прекрасна градина во францускиот Гиверни, а своето име му го должи на славниот сликар кој живеел во овој град. Погледнете колку е убава и градината во куќата каде што тој живеел.
Градини на замокот Versailles во Франција
https://www.facebook.com/chateauversailles/photos/a.432585428673/10157196650773674/?type=3
Оваа градина е исто така неверојатна, и исто така се нарекува „живо уметничко дело“. Версајската палата датира од 17 век, што се состои од парк и градини, кои се протегаат на 800 хектари. Погледнете како изгледа ОВДЕ.
Градини на замокот Тратумансдорф во Италија
https://www.facebook.com/trauttmansdorff.giardinidisissi/photos/a.327893604004793/2583200075140790/?type=3
Тоа е прекрасен замок и прекрасна ботаничка градина, уредувана од грофот Тратумансдорф во раните 1850-ти за време на реставрацијата на замокот.
Денес е опкружено со околу 80 градини полни со локални и егзотични растенија, организирани по регион на потекло, вклучувајќи типични пејзажи на Јужен Тирол.
Уживајте во виртуелна прошетка ТУКА.