Виртуелна хирургија – 13 хирурзи од 13 држави изведоа операција преку холограм

Сподели со своите пријатели

Група хирурзи од 13 различни земји извршија 13 ортопедски операции користејќи мешана реалност и холограми, предводени од професорот Томас Грегори и неговиот тим од болницата Ависен АП-ХП во Франција, од каде операцијата беше пренесена во неколку земји.

Loading...

Имено, 15 хирурзи виртуелно соработуваа користејќи Microsoft HoloLens 2, операциите биле извршени како дел од настан што траел 24 часа, а виртуелната хирургија овозможила знаење на светски експерти.

Меѓу земјите во кои се пренесени операциите се Франција, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Јужна Африка, Украина, Германија, Белгија, Мароко, Бразил, Боливија, Мексико, САД и Велика Британија.

 

 

Во секоја земја, хирурзите биле во можност да визуелизираат и извршат хирургија со употреба на холограми, да споделат визуелна претстава за операцијата во реално време, но и да ги обучуваат своите колеги од далечина за различни клинички случаи.

Според Microsoft, HoloLens се безжични, холографски очила за мешана реалност кои можат да се комбинираат со различни апликации и решенија за подобрување или овозможување на соработка, иновации и продуктивност.

Loading...

Технологијата на движење на очите и рацете открива каде гледа хирургот, што му овозможува голема прецизност во работењето, а меѓународната компонента на овој настан им овозможи на здравствените работници од различни земји и култури да споделуваат разновидни и богати практики.

 

 

Мешаната реалност ја менува хируршката пракса, таа претставува нов свет за здравствениот сектор, а ефикасната примена на технологијата ја подобрува здравствената заштита на глобално ниво, се само некои од впечатоците што ги пренесуваат експертите.

Професорот Томас Грегори, кој е хирург за повреди на рамото, лактот, зглобот и раката и кој ја направил првата операција со помош на мешана реалност уште во 2017 година, вели дека ХолоЛенс 2 извршува работа на асистент и им овозможува на хирурзите да користат технологија за обезбедуваат и стандардизираат операции.

24-часовниот настан бил проследен со околу 25 снимени тркалезни маси за дискусии за придонесот на технологијата во хируршката пракса и иднината на медицината.

 

Loading...

 

Повеќе од 60 меѓународни здравствени експерти дискутираа за придобивките од мешаната реалност и вештачката интелигенција, како и технолошките иновации воопшто за нивната дисциплина, а панелите ја истакнаа важноста за развој на е-здравје и обука во областа на здравствената заштита во иднина.

Универзитетската болница Авесен АП-ХП е пионер во примената на најновите технологии и исто така служи како центар за обука на идните лекари.

Leave a Reply