Луксузна вила на Барбадос која ја посетувале луѓе како што е принцот Хари, сега е ставена на продажба и ќе биде потреба огромна сума доколку сакате да ја купите, пренесува The Sun.
Коув пролетната куќа се наоѓа на престижниот западен бред на Барбадос и засега цената и е 35,4 милиони евра.
Бидејќи има 10 спални соби и панорамски поглед на Карипско море, не е ни чудо што имотот своевремено го привлеков принцот Хари тука да го мине одморот.
Тука војводата од Сасекс престојувал со принцот од Лесота за да покренат поло куп во блискиот поло клуб во 2010 година.
Ако мислите дека местото ви изгледа познато, тогаш сигурно сте ја гледале емисијата Икс фактор во текот на изминатите години, кога ја користел Сајмон Кауел.
Други значајни гости биле Елтон Џон, Никол Кидман и Хју Грант. Кога подобро ќе ја погледнете куќата, не е тешко да сфатите зошто ѕвездите го сакаат оваа место. Спаѓа во една од најубавите вили на Барбадос.
Дизјанирана е од корален камен, преполна со природно светло, додека ветровите пријатно струјат и го разладуваат домот.
Во главната куќа има 7 соби, а постојат и три во гостинската куќа во приземјето. Ова место има врвен фитнес центар и кујнски простор.
Вилата ја опкружува простран двор, базен, хидромасажни кади и приватна сокриена плажа.
Фото: hardingsinternational.com