Виктор Радевски од Куманово освои сребрен медал на еден од најголемите гастрономски натпревари на Балканот „Бисер мора“ кој се одржа во Брач, Хрватска.
Радевски учествуваше под менторство на Асан Даутовиќ и македонската асоцијација „Гастромак“ предводена од Адријана Алачки.
Среброто го освои во категорија подготовка на тартар бифтек послужување и декантирање на црвено македонско вино со користење на македонски традиционални земјени садови за готвење.
Во тимот со кумановецот Виктор Радевски, беа и Влатко Алексовски кој освои сребрен медал во категоријата Live Carving, додека Дени Шубашевски освои брозна и сребро.
Радевски годинава ќе одбележи 10-годишен јубилеј во угостителскиот сектор, а долги години работи во ресторанот „Етно село Тимчевски“.
На натпреварот второ место освои во конкуренција од над 600 натпреварувачи од Турција, Македонија, Малта, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Албанија и други држави од регионот.
Натпреварот „Бисер мора“ се одржа во Хрватска, на островот Брач од 19ти до 23ти месецов.
Никола Ивановски