Виктор Орбан пристигна во Киев: Прва посета, но со предуслов!

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Украина во својата прва посета на таа земја од почетокот на руската инвазија, соопшти Будимпешта.

Loading...

Орбан отиде во Киев да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави неговиот прес-секретар Берталан Хаваси, пренесува новинската агенција МТИ.

Орбан е во Киев и покрај тензиите околу врските на Будимпешта со Москва и противењето на помошта за Украина.

Унгарија вчера го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ.

Киев Индипендент пишува дека предуслов за посетата бил „да се реши прашањето за правата на националноста“.

„Постигнат е договор во последните недели. Ќе можат да го најават како успех“.

Будимпешта постојано го обвинува Киев за дискриминација на унгарското етничко малцинство концентрирано во југозападна Украина, обвинение кое украинското раководство го негира.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја посети Русија најмалку пет пати од почетокот на војната.

Loading...

Тој, исто така, ја посети Белорусија во јуни, кршејќи ги санкциите на ЕУ.