„ВИКИЛИКС“: ЦИА ги користи уредите на „Ејпл“ за шпионажа

Сподели со своите пријатели

Најновата документација која ја објави „Викиликс“ покажува како ЦИА ги пирала најполуларните „Ејпл“ уреди за да ги шпионира нивните корисници.

Документите под називот „Темната материја“ открива како ЦИА ги таргетирала производите на компанијата, се инфилтрирала во нив со свои малвери и ги користила за пратење и прислушување на обавештајно интересни личности, пренесува „РТ“.

Се наведува дека проектите на ЦИА со кои се занимаваат серија документи на „Викиликс“ биле развиени во рамките на EDB  (Embedded Development Branch), огранок на ЦИА, а го напаѓаат „Ејпл фирмвер“ – што значи дека инфекциите се секогаш присутни, без разлика на напорите да се отстранат.

Како што пишува „РТ“, дури и кога ќе го реинсталирате оперативниот систем малверот на ЦИА останува во вашиот „ајфон“.

АФП наведува и документи кои покажуваат дека ЦИА во 2012 година развила алатка наречена „sonic screwdriver“ која може да преземе целосна контрола над процесорот за движење на системот на компјутерите на „Ејпл“, кој е заштите со лозинка, со перфериран уред, како адаптер или USB.

Со тоа можат да вметнат грешка која не може да се дедектира и претставува компјутерски програм вграден во софтверот и апликацијат ане може да се избрише, дури и ако го форматирате оперативниот систем на компјутерот.

„Викиликс претходно месецов објави над 9.000 документи за кои трврди дека се дел од огромната количина податоци протечени од ЦИА, опишувајќи ги како досега најобемни објавени тајни обавестувачки податоци.

 

Loading...