Викендов во Куманово казнети 120 возачи

Сподели со своите пријатели

Вкупно 120 возачи биле казнети во текот на изминатиот викенд во Куманово, а половина од казните биле за брзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 120 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, или 60 од нив, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 15 за управување возило без возачка дозвола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал поранешната сопруга

Сообраќајните контроли, потенцираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски