Три пожари викендов гаснеле кумановските пожарникари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во текот на вчеашниот ден во период од 12:15 до 14:00 часот стрниште горело во атарот на селото Ваксинце. На терен интервенирале тројца пожарникари.
Опожарено стрниште имало и во атарот на селото Костурник, каде вчера во период од 13:45 до 14:30 часот исто така интервнирале тројца пожарникари.
Во сабота работените од Територијлната противпожарна единица Куманово гаснеле сува трева на локалитетот Романовски пат, во период од 21:20 до 21:50 часот.
Причините за избувнување на пожарите се непознати.