Викендов не одете на отворено, не очекуваат дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови каде што ќе има услови за краткотраен дожд.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 13 до 18 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме облачно време со умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 15 степени целзиусови.

Утре ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови.

Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи.

Leave a Reply