Викендов казнети над 200 возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 200 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Општина Куманово, а најголем дел од казните биле за брзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 206 возачи, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број казни, најмногу или 124 биле за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

70 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се искачи на Килиманџаро - највисоката точка во Африка (ФОТО)

Сообраќајните контроли, како што предупредуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски