Викендов казнети над 130 возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 130 возачи во текот на изминатиот викенд биле казнети во Куманово, информираат денеска од полицијата.

– Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на Куманово изречени се вкупно 131 мерки, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Најголем дел од казните биле изречени за за возење со брзина повеќе од дозволената, вкупно 68 санкции, додека 25 санкции биле изречени за возење под дејство на алкохол, при што имало издадено и 6 мерки за возење без возачка дозвола.

Засилените акциски контроли, посочуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски