Викендов канзети 166 возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 166 казни напишала полицијата во Куманово изминатиот викенд, најмногу поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 166 возачи, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број казни, најмногу, или 112, биле поради управувале возило со брзина поголема од пропишаната. 30 санкции биле изречени на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола и 9 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово се одржа дискусија за законите за јавна администрација (ВИДЕО)

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски