Викендов боксерски спектакл на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Градскиот плоштад во Куманово овој викенд ќе пулсира во ритамот на боксот, како домаќин на петтиот по ред меѓународен турнир во чест на легендарниот тренер Мирослав Петровиќ.

Loading...

На турнирот ќе учествуваат над 120 боксери и нивни тренери, од Македонија, Србија, Словенија, Азербејџан, Палестина, Романија, Молдавија, Турција и Полска.

За првпат турнирот добива поддршка и од Светската боксерска федерација, што претставува значаен спортски настан не само за градот туку и за македонскиот бокс во целина.

Претседателот на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, истакна дека ова е значаен чекор напред за боксот во земјата.

„Голема благодарност до општината што ни излезе во пресрет во однос на обезбедување средства и простор за да може да се претставиме во подобро светло, на БК Куманово како технички реализатор и како некој што ја започна целата оваа идеја за да прерасне во ова што денеска го имаме“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово со повик за финансиска поддршка на здруженија во социјалната сфера

 

 

Loading...

Андреевски изрази надеж дека овој настан ќе даде придонес и во афирмација на Куманово како спортски град.

Александар Крстевски, раководител на Сектор за култура и спорт при Општина Куманово посочи дека веќе има голема заинтересираност кај граѓаните.

„За прв пат ќе биде одржан на градскиот плоштад и има голем број заинтересирани граѓани. Би сакал да се заблагодарам на претседателот на Боксерската федерација, на претседателот на БК Куманово кои вложуваат големи напори овој турнир да биде на повисоко ниво, воедно се заблагодарувам на градоначалникот Максим Димитриевски кој има слух за еден ваков голем турнир кој се надеваме дека следната година ќе биде уште поголем“, изјави раководителот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се е подготвено за уште еден спектакуларен „Мото рок фест“ во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Самет Салиевски, од Боксерскиот клуб Куманово 84, кои се иницијатори и организатори на настанот вели дека турнирот вее станува светски реномиран.

„Оваа година направивме многу напори да се одржи турнир кој е веќе реномиран во светски рангови. Ќе биде два дена, желбата и идејата беше да биде на плоштадот во Куманово и тоа се оствари благодарение на градоначалникот Максим Димитриевски. Огормна благодарност на Националната боксерска федерација и претседателот Кристијан Андреевски, на министерот за спорт Борко Ристовски, за потпретседателот на Владата Иван Стоиљковиќ кои дадоа огромна нерезервна поддршка за ова што ќе се случи токму во Куманово, изјави Салиевски.“

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски ќе биде кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Куманово

 

 

Куманово, вели тој, е боксерски град, тука се двајцата олимписки шапиони Реџеп Реџеповски и Аце Русевски кои, како што одава, „се мотив да продолжиме по нивните стапки.“

Турнирот започнува во сабота во 18 часот на плоштадот во Куманово, исто како и во недела, додека големото финале со 16 борби ќе биде од 19:30 часот во недела.

Никола Ивановски