Викендичка гореше во село Романовце

Сподели со своите пријатели

Викендичка завчера горела во атарот на селото Романовце, кумановско, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во гаснењето на пожарот во 10:15 часот на терен излегле петмина пожарникари со едно противпожарно возило и до 11:50 часот успеале да го локализираат огнот.

Причините за избувнување на пожарот, како и висината на причинетата материјална штета не се познати.

Leave a Reply