Викендица и пчелни кошници изгореа во пожар во Орашац

Сподели со своите пријатели

Викендица и пчелни кошници вчера биле зафатени од пожар во атарот на кумановското село Орашац.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), акцијата за гаснење траела неколку часови, односно од 17:55 до 21:50 часот. На терен интервенирале петмина пожарникари со две противпожарни возила.

– Причината за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, вела тод РЦУК.

Поголема површина на сува трева, стрниште, грмушки и нискостеблести растенија гореле во пожар меѓу селата Љубодраг и Ново Село кон Ропаљце.

Во гаснењето на пожарот учествувале тројца пожарникари и двајца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  35-годишник претепан во Средорек. Напаѓачот се заканувал и со нож!

Стрниште вчера горело во липковско Матејче. Во период од 13:05 до 16:10 часот на терен интервенирале тројца пожарникари на ТППЕ Куманово и еден вработен во ДЗС.

Кумановските пожарникари вчера интервенирале и во атарот на село Отља, каде во временски период од 19:25 до 20:50 часот горела сува трева.

Никола Ивановски