Викенд временска прогноза за Куманово: Уживајте во топло и сончево време!

Сподели со своите пријатели

Денеака претпладне во Македонија времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од шест степени во утринските часови, до максимални 18 во текот на денот.

 

Loading...

 

Доста потопло ќе биде во текот на викендот.

Сабота носи претежно сончево време. Температурите ќе се движат од девет степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

 

 

Уште потопло ќе биде во недела кога максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Високите температури и сончевото време ќе се задржат и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply