Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 9 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од -2 степени во утринските часови, до максимални 8 степени целзиусови во текот на денот.
Во недела ќе имаме драстична промена на временската состојба. Времето ќе биде облачно со услови за врнежи од дожд и снег и во дел од пониските места.
Ќе дува северен, односно северозападен ветер со слаб до умерен интензитет. Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна само еден степен во позитива.
Променливото време ќе се задржи и во текот на следната работна недела, со мал пад на дневните температури.
Никола Ивановски