Денеска низ Македонија во утринските часови ќе има појава на значителна ниска облачност долж Повардарието.
Во текот на денот сончево и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 28 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток.
Утринската температура ќе се движи околу 11 степени додека дневниот максимум се очекува да достигне 25 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоистчен правец кој на моменти ќе достигне брзина и до 50 километри на час.
Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 26 степени целзиусови.
Од страна на УХМР е издадено жолто метео предупредување за силен ветер.
Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од југ и југоистк.
Температурата ќе се движи во интервал од минимални 10 до максимални 25 степени целзиусови.
Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски