Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На планините врнежите ќе бидат од снег. На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до девет степени целзиусови.
Првиот ден од викендот исто така носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне седум степени целзиусови.
Врнежи од дожд ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да се искачи до шест степени целзиусови.
Почетокот на следната работна недела носи повторно облачно и студено време, но без услови за врнежи.
Никола Ивановски