Викенд временска прогноза за Куманово: Еве за кога се најавуваат врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер.

Loading...

Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Минималната температура ќе биде во интервал 2 до 8, а максималната од 10 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи за дожд, кои позиразени ќе бидат во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југоисточен правец.

Температурата низ кумановско денеска ќе се движи од два степени во утринските часови до максимални 12 во текот на денот.

 

Loading...

 

Облачно, но без врнежи и со пониски температури ќе биде времето утре на првиот ден од викендот. Ќе дува слаб до умерне ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до девет степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и в недела, но со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Во утринските часови температурата ќе се движи околу шест степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 10 степени.

 

Loading...

 

Нови врнежи од дожд се очекуваат веќе од понеделник.

Никола Ивановски