Времето денеска во државата ќе биде посвежо со засилен, повремено силен северен ветер кој на места ќе надминува брзина од 70 км/час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целзиусови.
Утре времето ќе биде делумно сончево, а максималната днева температура во пораст. Максимумот за сабота се очекува да достигне 27 степени.
Сончево и топло време ќе имаме во недела. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени.
Потоа во следните денови утрата ќе бидат посвежи, а дневната температура ќе биде во пораст, велат од УХМР.
Никола Ивановски