Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и релативно топло време за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу девет степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 21 степен целзиусов.
Утре во кумановско ќе имаме исто така сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.
Температурата ќе биде во интервал од пет степени во утринските часови до максимални 20 во текот на денот.
Во недела ќе имаме повторно сончево и топло време со тивок ветер од север, односно северозапад. Минималната температура ќе се движи околу 8 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 21 степен.
Сончевото и невообичаено топло време за овој период од годината ќе продолжи и во првата половина од следната работна недела.
Никола Ивановски