Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 8.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 14 степени во утринските часови, до максимални 33 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Секоја осма жена во светот заболува од рак на дојка, скринингот е многу важен (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Слично време во кумановско ќе имаме и утре, односно претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозапад.

Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

 

 

Сончево и топло време ќе имаме и в недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Loading...

Во утринските часови температурата ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна ќе достигне 31 степен целзиусов.

 

 

Слично, стабилно и сончево време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советниците на ВЛЕН од Куманово се оградија од изјавата на Димитриевски, кој ОНА ја нарече терористичка организација