Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната од 4 до 10 степени.

 

 

Во куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -4 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско нѐ очекува разведрување. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од -5 степени во утринските часови до максимални 9 во текот на денот.

 

 

Во недела ќе имаме сончево и стабилно време. Температурата ќе се движи од -2 степени во утринските часови до максимални 10 во текот на денот.

 

 

Слично време, кобминација од дожд и сонце, ќе имаме и во следната работна недела.

Никола Ивановски