Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во државата ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец и во попладневните часови не се очекуваат услови за врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 32 степени целзисуови.

Во сабота претпладне ќе биде сончево до умерено облачно со нестабилност во попладневните часови. Максималната температура ќе изнесува 30 степени целзиусови.

Недела носи еден степен пониска температура, исто така со попладневна нестабилност.

Од понеделник се очеува нов раст на температурите кои ќе надминуваат и 38 степени.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply