Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе иде сончево со умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 20 до 34 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

 

 

Утре во кумановско може да очекуваме сончево до умерено облачно време. Поголемо наоблачување се очекува во попладневните часови кога може да дојде до појава на краткотраен пороен дожд и електрични празнења. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и в недела. Ќе биде сончево во текот на претпладневните часови, но попладне се очекува нестабилност со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 12 степени во утринските часови, до максимални 27 степени целизусови во текот на денот.

 

 

Сончево и стабилно време носи новата работна недела.

Никола Ивановски