Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролшки работи.

Попладне и во вечерните часови претежно во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. ќе дува слаб ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи од 17 степени во утринските часови до маскимални 31 во текот на денот.

 

 

И првиот ден од викендот нѐ очекува сично време. Сабота носи променливо облачно време со температури од минимални 16 до максимални 31 степен целзиусов во текот на денот.

 

 

Недела носи сончево и стабилно време. Ќе дува слаб ветер од северен, односно североисточен правец. Температурата се очекува во утринските часови да биде околу 16 степени, а максималната дневна 32 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски