Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 10 степени, до максимални 23 во текот на денот.
Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време. Температурата ќе биде во пораст, па така во утринските часови ќе изнесува 11, а во попладневните 26 степени целзиусови.
Дневен максимум од 26 степени ќе имаме и во недела.
Новата работна недела носи услови за нова нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмежи.
Никола Ивановски