Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југ ќе има повремени врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Утре и во недела претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.
Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална температура од девет степени.
Утре според податоците на accuweather, во кумановско времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 11 степени.
Во недела дождот ќе престане во Куманово. Ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 12 степени целзусови.
Слично ќе биде времето и во понеделник, кога дневната температура ќе биде 14, но утринската три степени под нулата.
Никола Ивановски