Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе изнесува два степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 10 степени.
Утре на првиот ден од викендот нѐ очекува сончево и стабилно време. Температурите во утринските часови ќе се движат околу два степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 11 степени.
Слично ќе биде и во недела, со исти температурни вредности.
Благ пораст на температурата ќе има и од стартот на новата работна недела.
Никола Ивановски