Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе изнесува два степени, а максималната дневна ќе достигне шест.
Во текот на утрешниот ден во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата во утрински часови ќе изнесува три степени, а максималната дневна се очекува да достигне до деветиот степен.
Последниот ден од јануари, односно недела, носи зголемување на облачноста и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе изнесува три степени, а максималната дневна е прогнозирана на 9 степени целзиусови.
Променливо време ќе продолжи и кон почетокот на следната работна недела и месец февруари.
Никола Ивановски