Времето во земјава преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини со појава на слаба магла.
Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и стабилно време. Утринската температура ќе изнесува три степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне 11 степени.
Утре ќе имаме сончево до умерено облачно време со температури од -2 во утринските часови и 11 степени во текот на денот.
Недела носи зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд. Минималната температура ќе изнесува -2, а максималната дневна само седум степени целзиусови.
Слично време нѐ очекува и на почетокот на новата работна недела.