Времето денеска во Куманово ќе биде сончево до умерено облачно, но стабилно.
Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне девет степени. Утринава граѓаните на Куманово се разбудија на 0 степени.
Утре нѐ очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата, па и во Куманово. Температурите ќе бидат во поголемо опаѓање и ќе се движат од -3 во текот на утрото, до само два степени максимална дневна температура.
Свежо ќе биде и во недела. Времето ќе биде сончево, но со студено утро кога ќе биде измерена температура од два степени под нулата, а во текот на денот максимумот се очекува да достигне 6 степени целзиусови.
Почетокот на новата работна недела носи нешто повисоки дневни температури, но утринските ќе останат во минус.