Од сабота до понеделник нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови.
Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30л/м2), особено во сабота, кога на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер (над 80км/ч), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 26 степени.
Времето утре во кумановско и околината ќе биде облачно со услови за дожд проследени со електрични празнења. Ќе дува засилен ветер од јужен, односно југозападен правец. Температурата ќе се движи од 7 степени наутро, до максимална дневна од 20 степени.
Слично време ќе имаме и во недела.
Температурата во наредните денови значително ќе се намали.
Никола Ивановски

