Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови.
Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 24 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на моменти ќе надминува и брзина од скоро 60 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 20 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за силен ветер.
Во текот на ноќта кумановско се очекува да биде зафатено и од врнежи од дожд.
Утре во Куманово и околината ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу пет степени, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени целзиусови.
За утре за кумановско УХМР има издадено две жолти метео предупредувања, едно за опасност од засилен ветер и второ за предупредување за невреме со грмотевици.
Во недела ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток.
Температурата ќе се движи во интервал од минимални девет, до максимални 17 степени целзиусови.
Следната недела ќе имаме претежно суво време, со благ пад на температурите, особено утринските.
Никола Ивановски