Викенд прогноза за Куманово: За денес портокалов метео аларм!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина и од 40 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Татко ранил син во Куманово при расклопување пушка

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено портокалово ниво на предупредување за силен ветер.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а дневниот максимум ќе достигне 23 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 10 до максимални 26 степени целзиусови.

 

 

Следната недела носи затоплување и температури над 30 степени.

Никола Ивановски

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Татко ранил син во Куманово при расклопување пушка